ТРОЈЦА ЗАГИНАА, А ЕДЕН Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА ИЗЛЕЗОТ ОД ТЕТОВО

    ТРОЈЦА ЗАГИНАА, А ЕДЕН Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА ИЗЛЕЗОТ ОД ТЕТОВОНа видео снимка од несреќата, објавена на социјалните мрежи, може да се види како возилото ‘опел астра‘ наеднаш и од засега неутврдени причини, нагло свртува и почнува да се движи во обратен правец од автопатот.(Фото: СДК.МК)

    Три лица го загубија животот додека едно е со телесни повреди по сообраќајната несреќа во која учествувале патничко возило и автобус, која се случи вчера попладне на излезот од Тетово. Денеска СВР Тетово излезе со повеќе податоци за загинатите.

    „Вчера во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје кај клучка ,Север, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘опел астра‘  со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус ,‘Ман‘ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен Обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово“ се вели во соопштението изпратено од СВР Тетово.

    На видео снимка од несреќата, објавена на социјалните мрежи, може да се види како возилото ‘опел астра‘ наеднаш и од засега неутврдени причини, нагло свртува и почнува да се движи во обратен правец од автопатот. Веднаш зад возилото се движи цистерна која едвај успева да го избегне возилото, но веднаш по неа наидува автобусот кој директно удира во возилото.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира