ТРСКА ГИ ПОКРИ ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, НЕМА КОЈ ДА ГИ ЧИСТИ

    ТРСКА ГИ ПОКРИ ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, НЕМА КОЈ ДА ГИ ЧИСТИКонцесиите на сите плажи престанаа да важат уште во мај минатата година, а нов оглас за доделување на концесии локалната самоуправа треба да распише наскоро. - Натрупната трска на плажата кај Елешец (Фото: СДК.МК)

    Силното невреме, проследено со ветер и големи бранови ги затрупаа плажите на источното охридско крајбрежје со трски, а на дел од нив им ги урнаа заштитните ѕитчиња.

    Тоа може да се види на плажите кај Елешец каде што на лето преку ден има и по неколку илјади капачи.

    Од „Охридски Комуналец велат дека концесионерите на плажи имаа обврска да ги одржуваат плажите и оти тие реагираат само на повик од оние кои стопанисуваат со нив.

    Но, со оглед на тоа дека концесиите на сите плажи престанаа да важат уште во мај минатата година, а нов оглас за доделување на концесии локалната самоуправа треба да распише наскоро, плажите до одредувањето на концесионерите ќе нема кој да ги чисти.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира