ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗАПЛЕНИ 189 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ВРЕДНА 707.000 ЕВРА

    ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗАПЛЕНИ 189 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ВРЕДНА 707.000 ЕВРАМарихуаната била вметната во бали со компресирана, рециклирана хартија (Фото:Царина на РСМ)

    На граничниот премин Богородина, Царината заплени 189 кила марихуана вметната во бали со компресирана, рециклирана хартија.

    Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност запленета е дрога марихуана која требало да заврши во Турција. Две лица се лишени од слобода и против нив до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

    „Случајот го следиме подолго време, што на крај успешно резултираше со откривање на криминалната мрежа која требало да оперира низ неколку држави. Сторителите на кривичното дело, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од Кумановско, на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион. Утредента едниот од нив го презема камионот и од локација меѓу Куманово и Паланка, оди кон Богородица. На Богородица е извршена детална контрола на камионот при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е откриена дрогата. Проценетата вредност на дрогата на црниот пазар изнесува 707 илјади евра“, кажаа денеска на граничниот премин Богородица претставници од Царина и од МВР.

    В. ТРАЈКОВ

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира