УАПСЕН 16-ГОДИШНИК СО 34 ПАКУВАЊА ДРОГА ВО ТЕТОВО

    УАПСЕН 16-ГОДИШНИК СО 34 ПАКУВАЊА ДРОГА ВО ТЕТОВОПолицијата одзеде 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со бела прашкаста материја. (Фото: СВР Тетово)

    Уапсен е 16-годишник откако полицијата при претрес во локал во Тетово кај него нашла поголема количина марихуана и друга дрога.  Задржан е во полициската станица во Тетово, а бидејќи е малолетник, биле повикани и неговите родители.

    „На 16.04.2026 во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира