УАПСЕНА ИНСПЕКТОРКА ПО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ОД ПРИЛЕП ДОДЕКА ПРИМАЛА ПОТКУП ОД 64.000 ДЕНАРИ

    УАПСЕНА ИНСПЕКТОРКА ПО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ОД ПРИЛЕП ДОДЕКА ПРИМАЛА ПОТКУП ОД 64.000 ДЕНАРИИнспекторката била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била уапсена, а парите ѝ биле одземени. (Фото: СДК.МК)

    Утрово, во угостителски објект во Прилеп полициски службеници ја уапсиле В. В., земјоделска инспекторка во Државен инспекторат за земјоделие од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик, соопштија од прилепската СВР. Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени.

    В. В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Прилеп.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира