УБИЕЦОТ ПО КОЈ ПОЛИЦИЈАТА ТРАГАШЕ 23 ГОДИНИ ЈА ИСКАСАПИЛ ЖРТВАТА СО СЕКИРА И ЈА ФРЛИЛ ВО КОНТЕЈНЕР

    УБИЕЦОТ ПО КОЈ ПОЛИЦИЈАТА ТРАГАШЕ 23 ГОДИНИ ЈА ИСКАСАПИЛ ЖРТВАТА СО СЕКИРА И ЈА ФРЛИЛ ВО КОНТЕЈНЕРОсуден во 1989 година на 15 години затворска казна, убиецот избегал од затворотот во Идризово во 1994 година. - КПУ „Идризово“ (архивска фотографија)

    Убиецот Д.М., по кој македонската полиција ја имаше најдолгата потера во својата историја од цели 23 години 1 месец и 14 дена, својата жртва ја искасапил со секира и деловите од телото свиткани во најлонски кеси ги фрлил во уличен контејнер.

    Битолчани и по 28 години се сеќаваат на ова свирепо убиство. Велат дека било едно од најмонструозните во историјата на градот. Раскажуваат дека жртвата Живко К. живеел зад Нижото музичко училиште во Битола. На кобниот ден на 12 јануари в очи христијанскиот празник Василица бил намамен од сограѓаните Д.М.и С.Ѓ. во стан. Таму со секира го удриле по главата, а откако паднал го искасапиле.

    Соседите на Живко се присетуваат на тогашните раскажувања низ градот дека убијците за да се ослободат од телото го исекле на помали парчиња. Потоа го свиткале во најлонски кеси и го фрлиле во контејнер. Другиот ден, деловите од масакрираното тело ги пронашол случаен минувач кој фрлал смет во контејнерот.
    Пет месеци по злоделото убијците Окружниот суд од Битола казнил со затворска казна од 15 години за Д.М.и 12 години за соучесникот С.Ѓ.

    Но, Д.М. на 14.03.1994 година додека користел викенд отсуство од Идризово побегнал. Меѓународната потера траела 21 година 8 месеци и 12 дена. Пред две години бил уапсен во Италија, а минатиот месец екстрадиран во Македонија и спроведен во КПУ „Идризово“ каде што треба да ја одлежи затворската казна изречена во 1989 година. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира