УЧЕНИЦИ ОД БИТОЛА ГИ ИСЧИСТИЈА ПАТЕКИТЕ КОН ФИЛМСКИОТ МОСТ ВО ЗОВИЌ

    УЧЕНИЦИ ОД БИТОЛА ГИ ИСЧИСТИЈА ПАТЕКИТЕ КОН ФИЛМСКИОТ МОСТ ВО ЗОВИЌФилмски мост во Зовиќ во битолско Мариово од отпадоци ги исчистија четвртоодделенците од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола (Фото: СДК.МК)

    Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ, во заедничка еколошка акција од отпадоци ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.

    Најпрво се одржа еко час на отворено на кој учениците се запознаа со правилата за движење во природа, со убавините во мариовскиот крај и начинот на кој можи да се заштитат и чуваат природните убавини. Потоа, во групи се чистеа патеките низ селото и патеките кои водат кон Филмскиот мост. На одредени места се поставија и еко канти.

    Во село Зовиќ нема многу жители, но Филмскиот мост над Градешка Река е често посетуван од туристи, планинари, велосипедисти. Учениците низ патеките собраа расфрлени отпадоци од хартија, храна, пластични шишиња и друго. Местото изобилува со прекрасни пејсажи и чист воздух.

    Мостот народот го нарече Филмски, откако таму беа снимени сцени од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари