УЧЕНИЦИ ОД БИТОЛА ПРЕКУ ВИДЕО ИМ КАЖАА НА ВРСНИЦИТЕ ДА СЕДАТ ДОМА

    УЧЕНИЦИ ОД БИТОЛА ПРЕКУ ВИДЕО ИМ КАЖАА НА ВРСНИЦИТЕ ДА СЕДАТ ДОМА„Денес седам дома за да се заштитам себе, бидејќи утре треба да играм заедно со тебе“, велат учениците од „Тодор Ангелевски“ во видеото објавено под хаштагот СедиСиДома. (Фото: Принтскрин од видеото)

    Учениците од битолското основно училиште „Тодор Ангелевски“ им дадоа личен пример на врсниците како треба да се однесуваат во овој ризичен период додека се распуштени, зашто постои опасност од ширење на коронавирусот. Петнаесетина ученици снимија видео преку кое кажаа дека ќе останат дома и ќе читаат лектири, ќе гледаат филмови и ќе играат друштвени игри со браќата и сестрите.

    Видеото е објавено под хаштагот СедиСиДома, а претставува своевиден апел и другите врсници да го направат истото.

    Тие испишаа и стих: „Денес седам дома за да се заштитам себе, бидејќи утре треба да играм заедно со тебе“.

    Видеото наиде на големо одобрување на социјалните мрежи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира