УДАР НА ГРОМ ОПОЖАРИ СТАН ВО ВЕЛЕС, ДВЕ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОД ВОЗНЕМИРЕНОСТ

    УДАР НА ГРОМ ОПОЖАРИ СТАН ВО ВЕЛЕС, ДВЕ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОД ВОЗНЕМИРЕНОСТСтанот бил празен кога го погодил гром. (Фото: СДК.МК)

    Удар на гром опожари стан во Велес, а две лица завршија во болница поради вознемиреност. Громот кој удри околу 14.30 ч. во стан од поткровје на зграда во улица Никола Карев број 3, спроти училиштето ОУ Васил Главинов. Станот во тие моменти бил празен.

    „Околу 14.30 часот гром удрил во зграда, по што пожар го зафатил станот во поткровјето. Тој во тие моменти бил празен. Интервенирала екипа а на ТППЕ Велс со три возила и 12 пожарникари. Пожарот е локализиран во 17 часот. Жртви нема, има материјална штета“, соопштија од Центарот за управување со кризи.

    Била побарана интервенција на екипа на Итната помош.

    „Помош побарале татко и син, кои живееле во соседниот стан, но не поради задушување, туку поради силна вознемиреност, дадена им е неопходна терапија и се префрлени на Интерно одделение од велешка Болница“, кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош од Велес .

    Од велешката Болница потврдија дека се примени двајца пациенти поради последиците од пожарот.

    „Двајцата повредени се прифатени на Интерно одделение. Дадена е потребната здравствена грижа, немаа сериозни повреди, туку само вознемиреност поради пожарот во соседството“, изјави д-р Елена Левкова Ќуклумова, портпарол на велшка Болница.

    Попладнево од 14 до 15 часот, Велес и велешко ги зафати невреме проследено со пороен дожд и удари на гром.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира