Угина и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината угинала попладнево.
Директорот на Зоолошка Зоран Попов не одговараше на нашите телефонски повици и пораки со прашањето од што угинала жарифата Флопи.
Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава угина Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.
Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.
А. АНТЕВСКА