Со отстранување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, што се случи во вечерните часови, заврши времениот сообраќен режим во Велес. Сообраќајниот режим во градот се врати по старо.
„Со пуштањето на мостот на Башино село за сообраќај, престана да важи времениот сообраќаен режим што беше воведен на 9 јануари, откако беше затворен мостот“, соопштија од Општина Велес.
Улицата Алексо Демнниевски Бауман не е повеќе двонасочна туку еднонасочна, а двонасочани се улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев во центарот на Велес. Забележително е дека нема повеќе долги колони возила низ градот, а сообраќајниот метеж е намален.
„Од и за Скопја патував 30-40 минути со автомобил, исто толку време 30-40 минути ми требаше да стигнам до дома, од влезот на Велес, кај кружниот тек па до новиот дел на градот“, вели велешанец.
Времениот сообраќаен режим беше воведен на 9 јануари, откако беше затворен за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село. Тој беше пуштен за користење на 2 март, со времен режим. Во овој период од два месеци во ноќните часови сообраќаа тешките товани возила, камионите.
П. ПЕЧКОВ