УКРАДЕНИ И ОШТЕТЕНИ УРЕДИТЕ ЗА АВТОМАТСКА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО КУМАНОВО

    УКРАДЕНИ И ОШТЕТЕНИ УРЕДИТЕ ЗА АВТОМАТСКА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО КУМАНОВОАвтоматските пумпи за дезинфекција на возила, ги изработи тим од професори и ученици од Техничко училиште „Наце Буѓони“, со помош на Општината, за да се спречи ширењето на коронавирусот во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Несовесни граѓани украле и оштетиле два од трите уреди за автоматска дезинфекција на автомобили, коишто Општина Куманово ги постави на три локации на влезот во градот, заради спречување на ширење на коронавирусот.

    „Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата улица Доне Божинов во населбата Средорек и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците Биљановска и Народна револуција. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини. Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили“, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување, по денешната седница.

    Автоматските пумпи за дезинфекција на возила, ги изработи тим од професори и ученици од Техничко училиште „Наце Буѓони“, со помош на Општината, за да се спречи ширењето на коронавирусот во Куманово. Вакви пумпи треба да се постават на сите влезови во градот.

    Општината денеска набави и нов трактор со атомизер за аеросолизација и дезинфекција на отворените површини во урбаните и руралните средини во градот.

    На денешната седница Општинскиот штаб уште еднаш побара од Владата целосна изолација (карантин) на Куманово со точно утврдени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира