УКРАДЕНИ САДНИЦИТЕ ЗАСАДЕНИ ВЧЕРА ПРЕД ПОЛИКЛИНИКАТА „ЧАИР“

    УКРАДЕНИ САДНИЦИТЕ ЗАСАДЕНИ ВЧЕРА ПРЕД ПОЛИКЛИНИКАТА „ЧАИР“Непознати сторители украле девет украсни садници, а уреденото зеленило на локацијата го изгазиле и уништиле (Фото: Град Скопје)

    Преку ноќ исчезнаа украсните садници што екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадиле вчера пред поликлиниката „Чаир“.

    Како што објави Град Скопје, непознати сторители ноќеска украле девет украсни садници засадени на јавна површина, а уреденото зеленило на локацијата го изгазиле и уништиле, причинувајќи значителна материјална штета. Инцидентот е пријавен во полиција.

    „Садењето дрвја е приоритет на Град Скопје како влог за чиста и здрава животна средина. Скопје и скопјани заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, Градот апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина“, се вели во соопштението на Град Скопје.

    Садниците биле засадени во рамките на есенската акција на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во текот на која деновиве во сите општини се садат нови зимзелени и листопадни дрвја и се обновуваат уништените и се подигнуваат нови дрвореди. Оттаму додаваат дека и на местото на украдените садници пред поликлиниката „Чаир“ ќе бидат засадени нови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира