УКРАЛ ЗЛАТО ОД ПОЧИНАТА ПАЦИЕНТКА И ГО ПРОДАЛ КАЈ ВНУКА Ѝ ВО ОХРИД

    УКРАЛ ЗЛАТО ОД ПОЧИНАТА ПАЦИЕНТКА И ГО ПРОДАЛ КАЈ ВНУКА Ѝ ВО ОХРИД„Ваков случај не се памети во Охрид“, вели портпаролот на СВР-Охрид. - Охридската болница

    Болничар во Охридската болница од штотуку почината пациентка украл злато, соопшти СВР-Охрид. Тој бил откриен откако се обидел да го продаде украденото злато во една охридска златарница, во која што работела внука на починатата пациентка. Во златарницата, пријавениот ѝ ги понудил на продажба обетките и прстенот на внуката на починатата, која го препознала накитот.

    „Секторот за внатрешни работи во Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (46) од Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ’тешка кражба’ и ’злоупотреба’ на службена положба и овластување’. Пријавениот, вработен како болничар, на 05.09.2017 година околу 11.25 часот во Интерното одделение, откако била констатирана смрт на Т.Ј. (81) од Охрид, одзел пар златни обетки и златен прстен. Истиот ден, околу 14.30 часот во златара пријавениот ги понудил на продажба обетките и прстенот, на вработена којашто била внука на оштетената, и ги препознала“, се вели во полициското соопштение.

    „Ваков случај не се памети во Охрид. Да се украде вреден предмет од штотуку починат пациент. Имаме регистрирано и порано кражби во некои одделение во Болницата, но тоа најчесто биле паричници, пари, но не и злато”, изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира