УКРАЛЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ СОСЕ КРЕВЕТ ОД ИНФЕКТИВНОТО ВО СТРУМИЦА

    УКРАЛЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ СОСЕ КРЕВЕТ ОД ИНФЕКТИВНОТО ВО СТРУМИЦАКреветот на кој починал 49-годишниот пациент во инфективната амбуланта во Струмичката болница. (Фото: СДК.МК)

    Утринава од амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов кажа дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време.

    Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома

    Вработените во болницата не можеле да направат ништо, бидејќи се работело за поголема толпа и не сакале да предизвикаат инцидент, но случајот е пријавен во полиција.

    На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за ковид-19. Струмица е ново жариште на коронавирусот, во моментов има активни 108 случаи на ковид-19.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира