Улицата Јорганџиска во Старата скопска чаршија од денес ќе се вика Европска улица.
Новото име е дадено откако еден од дуќанџиите на 13 септември при прошетката на Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини низ Чаршијата ѝ подари брош.
Улицата покрај ново име, украсена е и со чадори на кои стои знакот на Европската унија. Новото име на улицата го промовираа евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.
Могерини на 13 септември дојде во посета на Скопје да даде поддршка за референдумот за името кој се одржа на 30 септември. Тогаш Могерини заедно со премиерот Зоран Заев прошета низ скопската Стара чаршија и, сосем неочекувано, од еден златар доби подарок филигрански брош во форма на пеперутка. Таа веднаш го закачи брошот на реверот на белото палто што го носеше.
А. АНТЕВСКА