УНЕСКО ЧЕКА НА НОВАТА ВЛАДА ДА ГО СПАСИ ОХРИД

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:292:"УНЕСКОѝдадерокнаМакедонијадо1февруаридадоставиизвештајзастатусотнаконзервацијанадобротоизачекоритепреземенизаспроведувањенапрепораките";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УНЕСКО ЧЕКА НА НОВАТА ВЛАДА ДА ГО СПАСИ ОХРИД

    На Охридскиот регион му се заканува да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО поради плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот А3, автопатот А2 и на железничкиот коридор VIII, a состојбата дополнително ќе се влоши со изградба на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин.

    Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и Илина Арсова, позната алпинистка и активистка за заштита на природните богатства, вчера предупредија дека и покрај приговорот на локалните жители и наспроти сите препораки на УНЕСКО и на Министерството за животна средина ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас во Лагадин.

    „Урбаната мафија во соработка со корумпираната Општина Охрид продолжува по свое. Ќе се гради хотел во инаку заштитениот зелен појас во населба т.е. село Лагадин“, алармираше Арсова.

    и покрај приговорот на локалните жители и наспроти сите препораки на УНЕСКО и на Министерството за животна средина ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас во Лагадин.- Проектот за уредување на плажата во Лагадин.

    и покрај приговорот на локалните жители и наспроти сите препораки на УНЕСКО и на Министерството за животна средина ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас во Лагадин.- Проектот за уредување на плажата во Лагадин.

    Во јули годинава, на 40. сесија на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство, одржана во Истанбул, беше донесена Одлука, во која со загриженост се забележува дека се предложени голем број на големи инфраструктурни проекти во рамките на Охридскиот регион, како Ски-центар Галичица, патот А3, Железничкиот коридор VIII и автопатот А2. УНЕСКО смета дека овие проекти претставуваат потенцијална опасност за доброто и ѝ препорача на државата членка да идентификува алтернативни локации и рути за проектите, кои нема да влијаат на исклучителната универзална вредност на доброто, како и да достави план за интегрирана заштита на Старото градско јадро на Охрид.

    УНЕСКО ѝ даде рок на Македонија до 1 февруари да достави извештај за статусот на конзервација на доброто и за чекорите преземени за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и културните добра на Охридскиот регион, можно е запишување на доброто на Листата на светско наследство во опасност.

    По Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, македонската влада формираше работна група со претставници од сите ресорни министерства и институции, а подготви и Акциски план со кој се определуваат и задолжуваат министерствата, институциите и општините надлежни за одредени прашања од нивниот домен на активност за постапување по Одлуката. Од Националната комисија на УНЕСКО при Министерството за култура ни одговорија дека не очекуваат Охридскиот регион да биде впишан на листата на загрозени добра, бидејќи, како што велат, веќе е започната имплементацијата на препораките на УНЕСКО и постои спремност од страна на институциите за соработка.

    „Првичните реализирани активности треба да се достават во вид на извештај до Центарот на УНЕСКО до 1 февруари 2017 година, а Комитетот на Центарот за светско наследство ќе  одржи седница на почетокот на јули следната година, каде што ќе се разгледуваат извештаите на државите членки за состојбата со нивните заштитени добра, меѓу кои и извештајот за Охридскиот регион.

    Со оглед на тоа што Македонија се наоѓа среде избори и без конституирано собрание, мониторинг мисијата на УНЕСКО ќе почека на новата Влада да ја утврди фактичката состојба на природните и културните добра на Охридскиот регион (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со оглед на тоа што Македонија се наоѓа среде избори и без конституирано собрание, мониторинг мисијата на УНЕСКО ќе почека на новата Влада да ја утврди фактичката состојба на природните и културните добра на Охридскиот регион (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со оглед на тоа што веќе е започната имплентацијата на препораките на УНЕСКО кои се содржани во Одлуката на Центарот, дека постои спремност од страна на институциите за соработка, како и претстои мисијата на УНЕСКО која на терен ќе ја види вистинската состојба, ќе има средби со претставници на ресорните министерства и локалната власт, не очекуваме на наредната седница на Комитетот Охридскиот регион да биде впишан на листата на загрозени добра“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Лидија Топузовска, генерален секретар на македонската Национална комисија на УНЕСКО.

    УНЕСКО побара од Македонија да покани заедничка мониторинг мисија, составена од експерти на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и места (ИКОМОС) и Меѓународниот сојуз за заштита на природното наследство (ИУЦН). Со оглед на тоа што Македонија се наоѓа среде избори и без конституирано собрание, мониторинг мисијата на УНЕСКО ќе почека на новата Влада да ја утврди фактичката состојба на природните и културните добра на Охридскиот регион.

    Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, на негово барање, на 15 декември во Париз се сретна со Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова и според официјалната информација од средбата, се очекува во февруари мисија на УНЕСКО да дојде во посета на Охрид кога ќе се продолжи со разговорите околу можностите да се дојде до излезни решенија и да се разгледаат сите можности за да се обезбеди помош за решавање на проблемот со колекторскиот систем. Системот за одведување на отпадни води е оштетен и при обилни врнежи доаѓа до мешање на атмосферските води со фекалните, што пак резултира со неможност колекторскиот систем да ги одведе и преработи тие количини на вода.

    Охридскиот регион е впишан во Листата на природно и културно светско наследство на УНЕСКО во 1979 година.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира