УРБАНАТА МАФИЈА ЌЕ ГО ЗАПАЛИ СКОПЈЕ, ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ ЦРНИ ТОЧКИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УРБАНАТА МАФИЈА ЌЕ ГО ЗАПАЛИ СКОПЈЕ, ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ ЦРНИ ТОЧКИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР 

     

    Секоја зграда околу која се паркира е црна точка за гасење пожар. Скопската протвпожарна бригада во неделата мака мачеше да се пробие до зградата со запален стан на улицата 9 Мај зад Универзална сала. Противпожарните возила не можеа ниту да се доближат до зградата од испаркираните коли.

    „Вакви ситуации во Скопје веќе ни станаа секојдневие и ние на секоја интервенција излегуваме подготвени да се справиме и со блокиран пристап до објектот кој гори. Така постапивме и на улицата 9 Мај. Викнавме пајак уште кога тргнавме, но не чекавме да ги расчисти колите за да се доближиме туку веднаш интервениравме. Пуштивме црева до запалениот стан и кога интервенцијата беше при крај, стигна и пајакот. Ние не можеме да си дозволиме да чекаме“, вели Ѕвонко Томевски, командант на скопската противпожарна бригада.

    Со такви блокади Томевски вели дека се соочуваат насекаде низ градот, но како најкритични ги издвојува Центар и Аеродром оти во овие населби паркирањето главно е решено на надворешни паркинзи околу зградите.

    „Нашите возила се големи и нив не ги собира на места на кои кола може слободно да помине. За ова граѓаните не водат сметка кога паркираат па ние сме принудени да се снаоѓаме“, вели командантот Томевски.

    Посебен проблeм пак, било тоа што до објектот на 9 Мај има пристап само од една страна, иако се работи за нова зграда. Таа е дел од долга низа згради изградени на местото на поранешни куќи.

    Урбанистите уште пред две децении предупредуваа дека урбаната мафија  што претставува корумпирана спрега меѓу локалните власти и инвеститори, ќе го запали Скопје, оти во обид да изгради што повеќе згради за поголем профит, не остава простор за соодветен пристап до зградите, не води сметка за обезбедување паркинг за станарите и ред други норми кои постојат само на хартија.

    И предупредувањата на урбанистите останаа само на хартија, оти трендот да се гради на секое слободно ќоше во старите градски населби, не сопира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира