УТРЕ Е ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО ПРИЛЕП ПОРАДИ СМРТТА НА ТРИТЕ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА, А ВО „ПЛОДНОСТ“ ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОМЕМОРАЦИЈА

    УТРЕ Е ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО ПРИЛЕП ПОРАДИ СМРТТА НА ТРИТЕ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА, А ВО „ПЛОДНОСТ“ ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОМЕМОРАЦИЈАЗдравствените работници Ристески, Василески и Јованоска денеска загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. (Фото: Болница „Плодност“)

    Поради трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа три медицински лица на магистралниот пат Битола- Прилеп, утрешниот ден, 4 октомври, Општина Прилеп ќе го прогласи за Ден на жалост. Оваа одлука е донесена на вечерашната вонредна седница на Советот на Општина Прилеп.

    Во сообраќајката која денес се случи нешто пред осум часот загинаа прим. д-р Александар Ристески, радиолог, специјалист гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, сите од Прилеп. Утрово тие патувале кон Болницата „Плодност“ во Битола. Со соодветен комеморативен настан, Болница „Плодност“ ќе им оддаде почит на трагично загинатите колеги.

    Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товарно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

    Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот.

    Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините за несреќата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира