ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА 72-ЧАСОВНОТО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ НА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

    ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА 72-ЧАСОВНОТО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ НА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈАЃорѓиевски ѝ донесе букет цвеќе на Арсовска (Фото: К. Попов)

    Орце Ѓорѓиевски денеска ја презеде градоначалничката функција во Град Скопје од Данела Арсовска. Тој на примопредавањето ѝ донесе букет цвеќе и рече дека средбата со Арсовска, која траеше околу 45 минути, била протоколарна.

    Веднаш по преземањето на функцијата даде налог да се отстранат рампите за влез во бараките на Градот, велејќи дека сега тој ќе биде отворен за граѓаните. Најави дека вечерва во 20:30 часот почнува 72-часовното чистење на градот. Ќе биде вклучена механизацијата на ЈП „Комунална хигиена”, но и камиони од другите градови. Рече дека покрај чистењето, ќе се мијат и улиците.

    Најави дека во наредните денови ќе има средба со приватните превозници за да се вклучат 60 автобуси во јавниот превоз.

    Како приоритетни капитални проекти ги најави клучката кај Момин Поток, проширувањето на улицата Борис Трајковски во булевар и доградбата на мостовите во Карпош 4 и Аеродром, проекти кои беа почнати во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, а во мандатот на Арсовска беа во застој.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира