ВЕЛЕС ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЛАНИ ДОБИ КИНО, НО ПУБЛИКА ИМА МАЛКУ

    ВЕЛЕС ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЛАНИ ДОБИ КИНО, НО ПУБЛИКА ИМА МАЛКУво просек секоја кино проекција ја гледале 15,5 гледачи а секој прикажан филм по 113,8 гледачи. (Фото: СДК.МК)

    Ланската година проекциите на 3Д Киноверзум во Велес ги посетиле 13.889 гледачи.

    Тие гледале 897 кино проекции на 122 филмови. Ова се бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. Или во просек секоја кино проекција ја гледале 15,5 гледачи, а секој прикажан филм по 113,8 гледачи. Претходно од 3Д Киноверзум објавија дека на листата на најгледани филмови во Велес лани биле „Аватар“ и „Барби“.

    „Очигледно дека паузата од безмалку две децении без редовна кино прикажувачка дејност во градот, остави силна трага во навиките на велешани да гледаат филмови. Ниту најновите светски хитови не се предизвик да се посети киното. Во однос на реакциите на одделени граѓани, потенцијална публика, за цената на билетот која е 200 денари, таа и иста во сите кина во Македонија“, велат кино вљубениците од Велес, кои ги има во мал број.

    3Д Киноверзум со прикажување на филмови во Велес започна на 19 јануари минатата година. Последна кино проекција во тогашното Кино 11 Октовмри беше август 2005 година. Со тоа што сега им се нудат најновите светски остварувања, истовремено со светските премиери.

    Киното во Велес, кое локалната власт го опреми и салата ја реновира со 76 илјади евра во октомври 2020 година, не работеше две и пол години. 3Д Киноверзум на јавниот повик од Општина Велес, ја добија на три годишно користење салата „Бели мугри“.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира