ВЕЛЕС РАСЧИСТУВА ЈАВНИ ПОВРШИНИ КОИ СО ГОДИНИ БИЛЕ УЗУРПИРАНИ ОД КАФЕАНЏИИ И ПРОДАВАЧИ

    ВЕЛЕС РАСЧИСТУВА ЈАВНИ ПОВРШИНИ КОИ СО ГОДИНИ БИЛЕ УЗУРПИРАНИ ОД КАФЕАНЏИИ И ПРОДАВАЧИПоединци за свои потреби, без одобрение, користеле јавни површини и зад себе оставиле отпад (Фото: СДК.МК)

    Во Велес се одвива големо предвелигденско чистење. Се расчистуваат јавни површини кои биле узурпирани од поединци, па напуштени и оставени во неред и смет. Од почетокот на месецов, локалните власти расчистуваат локации кои долги години биле користени од страна на правни лица и трговци. За почеток, се работи на улицата Благој Ѓорев, на јавните површини кои ги користеле угостителските објекти.

    „Затекнавме покриен простор за вентилација на подземни гаражи, заварени метални елементи на огради, поставени огради, платформи и друг вид опрема, спроведени електрични кабли на јавни површини, заробени дрвја со тенди. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните и затоа се одлучивме да извршиме генерално расчистување, започнувајќи од централното градско подрачје и главните сообраќајници. Тоа се поединци кои за свои потреби, без одобрение, користеа јавна површина“, изјави градоначалникот Аце Коцевски.

    Расчистувањето засега се извршува без проблеми. Од Општина Велес најавуваат дека активностите ќе продолжат и во претстојниот период, со цел урбаните површини да бидат уредени и пристапни за сите жители на Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира