ВЕЛЕС САКА СО ЕВРОПСКИ ПАРИ И ГРЧКИ ПАРТНЕРИ ДА ГРАДИ КЕЈ НА ВАРДАР

    ВЕЛЕС САКА СО ЕВРОПСКИ ПАРИ И ГРЧКИ ПАРТНЕРИ ДА ГРАДИ КЕЈ НА ВАРДАРПроектот на кеј на Вардар би чинел половина милион евра (Фото: СДК.МК)

    Општина Велес со европски пари сака да гради кеј на Вардар и да ја осветли Спомен костурницата.

    Минатата недела завршил процесот на апликација и локалната власт преку Грција конкурирала за средства од Европската програма за прекугранична соработка. Ако се одобрат, проектите ќе се реализираат во соработка со Лерин, збратимениот град Термаикос и институции од Солун.

    „Конкуриравме со проект од 490.000 евра за изградба на кејот на Вардар, на потегот од мостот Гемиџии до Мало Мовче од десната страна, уредување на пешачка и велосипедска зона на кејот и поставување на седум киоск продавници за традиционални производи и сувенири. Имаме и проект од 250.000 евра за уредување на простор од над 700 квадратни метри во објектот ‘Вила Зора‘, каде би се креирал регионален гурмански центар. Народниот музеј конкурираше со проект од 178.776 евра за партерно и хортикултурно уредување и осветлување на Спомен костурницата во Велес“, изјави градоначалникот Аце Коцевски.

    Општина Велес од својот буџет би обезбедила 15% од вкупната вредност на проектите како сопствено учество, што по евентуалното одобрување треба да ги врати Министерството за локална самоуправа.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира