ВЕЛЕС ЗАБРАНИ ГУМИ, ПЛАСТИКА И ДЕЛОВИ ОД МЕБЕЛ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ОГРЕВ ЗА ДА ГО НАМАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

    ВЕЛЕС ЗАБРАНИ ГУМИ, ПЛАСТИКА И ДЕЛОВИ ОД МЕБЕЛ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ОГРЕВ ЗА ДА ГО НАМАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТОСоветот на Општина Велес донесе низа итни мерки за намалување на загаденоста на воздухот

    Како одговор на високите концентрации на ПМ10 честичките, кои претходните шест дена беа регистрирани во Велес, Советот на Општината донесе итни мерки за намалување на загаденоста на воздухот. Меѓу другото, се забранува користење на одредени материјали кои се опасни како енергенси.

    Користењето на несоодветни и опасни материјали, како гума, пластика, отпадно масло од автомобили, делови од мебел и материјали премачкани со боја и лепило, е забрането за греење. Палењето оган на отворено, контејнери и на стрништа, исто така, е забрането. Трговските и угостителските субјекти да го вршат доставувањето и однесувањето на стока до 11 часот. Да се врши редовно чистење на оџаците. ЈКП Дервен да врши редовно миење на улиците и тротоарите во вонредни околности, односно при зголемено аерозагадување. Полицијата да врши почести регулирања на сообраќајот, посебно на т.н. тесни грла во градот и на главните сообраќајници и да ги упати на дополнителен технички преглед сите возила, посебно камиони и автобуси, кои не ги задоволуваат основните стандарди за емисија на загадувачки материи, стои во донесениот пишан документ.

    Со него се повикуваат граѓаните на Општина Велес да пријават на дежурниот мобилен телефон секое палење гуми. кабли, отпад, стрништа, пластика или друг опасен отпад, а на бројот „192″ да пријават возила кои оставаат впечаток дека не rи задоволуваат основните стандарди за емисија на загадувачки материи.

    „Сите заедно учествуваме во загадувањето на воздухот и затоа сите заедно сме одговорни да ја намалиме концентрацијата на штетните честички во воздухот и да се заштитиме самите себе, фамилиите, децата и младите“, рече екологистот Ненад Коциќ, советник во Општината.

    Дали граѓаните се придржуваат на овие забрани, ќе контролираат комуналните инспектори, а за правните лица – локалниот и државниот еколошки инспектор.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира