ВЕЛЕШАНЕЦ ПРИЗНА ДЕКА ГО ПРЕКРШИЛ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ПА СЕПАК ДОБИ КАЗНА ОД 800 ЕВРА

    ВЕЛЕШАНЕЦ ПРИЗНА ДЕКА ГО ПРЕКРШИЛ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ПА СЕПАК ДОБИ КАЗНА ОД 800 ЕВРАОсновен суд Велес има осудено 84 лица за прекршување на полицискиот час (Фото: СДК.МК)

    Велешанец бил казнет со 800 евра и откако ја признал вината дека го прекршил полицискиот час.

    Тој се жалел на пресудата на Основен суд Велес, кој го прогласи за виновен за движење во време на полициски час. Надевајќи се дека со признание на вината ќе добие поблага казна, тој поднел приговор, но судот повторно му је изрекол истата казна од 800 евра.

    Тој е еден од 84-те лица кои во Основен суд Велес во периодот од 30 март до 18 мај се прогласени за виновни за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Од нив, седуммина поднеле приговор.

    На друг обвинет, кој пред судијата не го признал делото, но кажал дека живее блиску до местото каде што бил сопрен, дополнително му беше изречена поголема парична казна, па наместо 800, мора да плати 1.000 евра. Основен суд, наместо парична, има досудено и условна казна во траење од три месеци, која нема да се активира доколку обвинетиот во рок од една година не стори ново кривично дело.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира