ВЕЛЕШАНИ БАРААТ ДА СЕ ПОЧИТУВА ЗАБРАНАТА ЗА СООБРАЌАЈ НИЗ ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ

    ВЕЛЕШАНИ БАРААТ ДА СЕ ПОЧИТУВА ЗАБРАНАТА ЗА СООБРАЌАЈ НИЗ ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИЗа примена на забраната е надлежна сообраќајната полиција при СВР Велес. (Фото: СДК.МК)

    Велешани кои овие пролетни денови рекреираат во попладневни часови, реагираат дека улицата која минува низ Градски парк, ја користат сопствениците на автомобили иако таа во тој период е забранета . Тоа им ја ограничува слободата но и стравуваат по безбедноста.

    „Попладне после 18 часот кога рекреирам, има толку многу возила и мотори, што е невозможно да се спортува. Иако во тој период е забранет сообраќајот, возачите не го почитуваат сообраќајниот знак и режим. Не знам зошто сообраќајната полиција не реагира“, велат рекреативците.

    На поставеното прашање до локалната власт, дали има промена на режимот на сообраќај, низ Градски парк, одговорот беше дека е истиот што е донесен во септември 2018 година.

    „Нема промена на режим на сообраќај низ Градски парк“, одговорија од локалната власт. За нејзина примена е надлежна сообраќајната полиција при СВР Велес.

    Забраната не важи за возилата на брзата помош, пожарната и полиција. Таа за овој период од годината, од мај до август е од 5 до 8 часот наутро и од 18 до 21 часот попладне.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира