ВЕЛЕШАНИ ЌЕ ИМААТ ДОВОЛНО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ОВА ЛЕТО, ВЕЛАТ НАДЛЕЖНИТЕ

    ВЕЛЕШАНИ ЌЕ ИМААТ ДОВОЛНО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ОВА ЛЕТО, ВЕЛАТ НАДЛЕЖНИТЕЕзерото Лисиче ќе биде полно до дозволениот максимум до 15 јуни (Фото: СДК.МК)

    Велешани и останатите кои се снабдуваат со вода за пиење од ХС Лисиче нема да бидат жедни во текот на летото. Ова го тврдат надлежните од ЈПВ „Лисиче“ откако во јавноста се појави ваква дилема после лошата хидролошка зима и нискиот водостој на повеќето акумулации во земјава.

    „Ниту во наредните неколку месеци, ниту пак во претстојната сезона лето-есен нема да се почувствува недостиг од вода. Напротив, акумулацијата ќе биде полна до дозволениот максимум до горенаведениот период 31 мај-15 јуни и на тој начин ќе се задоволат потребите на корисниците. Моменталната квота од 418,15 м.н.в. е за повеќе од пет метри над вообичаената за ова време од годината. Максимумот години наназад го достигнуваме во периодот од крајот на мај до средина од јуни“, вели во писмениот одговор дипл. инж. Блажо Бонев.

    Според него, нивото на водата во акумулацијата Лисиче на 23 март било на кота 418,15 м.н.в со акумулирана вода од 19,1 милион кубни метри. Пред една година, котата била 412,05 м.н.в. со акумулирана вода од 13.540.000 кубни метри, односно шест метри пониско од моменталната состојба.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира