ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИ ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА ПРОТИВ ДРВОКРАДЦИТЕ И ЗА ПОЛА ГОДИНА ПЕТ ПАТИ Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ФАТЕНИ

    ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИ ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА ПРОТИВ ДРВОКРАДЦИТЕ И ЗА ПОЛА ГОДИНА ПЕТ ПАТИ Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ФАТЕНИИма пет пати поголема заплена на нелегално пресечено огревно дрво, и заплена на возила кои тоа го пренесуваат, вели Полициска станица Велес. (Фто: СДК.МК)

    Едно од криминалните дела со кои се судрува велешката полиција се и дрвокрадците на огревно дрво. Кога се разгледуваше годишниот извештај за 2021, командирот на Полициска станица Велес Алексадар Костов кажа дека бројот на откриени дрвокрадци е мал, оти немаат возило, па морат да чекаат интервенција заедно со Шумското стопанство „Бабуна“ или со шумската полиција, па додека заминат на терен сторителите ги нема.

    Костов неодамна кажа дека по првите шест месеци од годинава, состојбата е подобрена.

    „Има пет пати поголема заплена на нелегално пресечено огревно дрво, и заплена на возила кои тоа го пренесуваат. Во меѓувреме, добивме едно возило ‘лада’ и едно ‘рекстон’. Подобрена е состојбата, подобрено е движењето на терен. Таа проблематика во првата половина на годината не е така актуелна. Дрвокрадството започнува со есенските денови. Така што, бројките на откриени случаи за цела година во следниот годишен извештај ќе бидат поголеми“, кажа Костов, при разгледувањето на информацијата за работа на Полициска станица Велес во првите шест месеци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира