ВИКЕНДОВ НА „БОГОРОДИЦА“ ГРАНИЦАТА ЈА ПОМИНАА 75 ИЛЈАДИ, ОД НИВ 32 ИЛЈАДИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ

    ВИКЕНДОВ НА „БОГОРОДИЦА“ ГРАНИЦАТА ЈА ПОМИНАА 75 ИЛЈАДИ, ОД НИВ 32 ИЛЈАДИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИНајчести меѓу странските државјани се Срби, Романци и Унгарци. (архивска фотографија)

    Речиси 75 илјади луѓе ја поминаа грчко-македонската граница викендов на преминот „Богородица“ кај Гевгелија.

    Од МВР велат дека за периодот од 29.07.2022 до 31.07.2022 до 11 часот, границата на „Богородица“ ја поминале 31.268 македонски државјани и 43.085 странски државјани. Најчести меѓу странските државјани се Срби, Романци и Унгарци. Ова се вкупни бројки и за влез и за излез од државата.

    Од МВР додаваат дека граничниот премин работи со полн капацитет, во функција се сите сообраќајни ленти.

    „На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, сè со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија“, велат од МВР.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира