ВЛАДАТА ЈА ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ДА СТАНЕ ТУРИСТИЧКА РАЗВОЈНА ЗОНА СО ХОТЕЛИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

    ВЛАДАТА ЈА ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ДА СТАНЕ ТУРИСТИЧКА РАЗВОЈНА ЗОНА СО ХОТЕЛИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИЕзерото Треска треба да заживее со изградба на хотели, бунгалови и трговски центри. (Фото:Ѓ. Личовски)

    Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за езеро Треска и донесе одлука за продолжување на постапката за основање на Туристичка  развојна зона „Сарај – Езеро Треска“. Како што соопштуваат од Владата постапката за основање на Туристичка развојна зона ќе се спроведува согласно Законот за туристички развојни зони со уредени погодности за инвестирање во проекти со посебна намена.

    Со оваа одлука почнува постапката околу езерото Треска да почнат да се градат хотели, бунгалови и трговски центри кои се предвидени со Деталниот урбанистички план кој го донесе Општина Сарај лани во декември. Планот е поделен во четири блокови. Првиот блок е сегашниот комплекс на Езеро Треска кој е со површина од 13 хектари и во него се планираат да се градат спортски терени на отворено, базени, аквапарк, забавен парк, амфитеатар, ботанички градини. Во оваа зона е формирана градежна парцела во која е дозволен процент на изграденост до 50 отсто односно максимална површина за градење од 155.116 метри квадратни. На таа површина е нацртана маркичка за хотелски комплекс со приземје, три ката и поткровје со висина од 15 метри како и придружни содржини ресторани, спа и фитнес-центар, центар за алтернативна медицина, отворени и затворени базени. Покрај главната хотелска зграда планирано е изградба и на дрвени бунгалови на местото каде што сега се наоѓаат камп-приколките.

    Втората, третата и четвртата зона кои се урбанизираат со овој план се надвор од езерото и го опфаќа земјоделското земјиште од селата Глумово и Шишево кое Владата го пренамени во градежно. Втората зона се наоѓа од десната страна на реката Треска  и се предвидуваат маркички за викенд куќи со приземје, два ката и поткровје, а површината на овој дел е 12 хектари. Третата зона со површина од 10 хектари е од левата страна на реката кај влезот на езерото со површина од околу 10 хектари, и таму ќе се градат хотелски комплекси со два ката и поткровје, а во четвртата зона која е најмала со површина од 2,4 хектари се предвидена маркичка за трговски центар и пазар на отворено.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира