Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека владата ќе му помогне на Охрид во реализацијата на неколку крупни инфраструктурни проекти, и ја спомна реконструкцијата на централната сообраќајница, булеварот Туристичка. Наредниве денови ќе започнат градежни зафати на булеварот од централниот дела на градот до Билјанини Извори. Сугарески најави проекти за патниот правец Охрид-Свети Наум, укажувајќи на некои проблеми кои се регистрирани со свечилиште на таа делница. Тој најави и реконструкција на патнот правец Струга-Ќафасан, до албанската граница.
„На последната седница, помина втората информација во делот на кредитната линија која државата ќе ја прави преку Министерството за финансии со Светска банка во износ од околу 70 милиони евра, со кои државата ќе им овозможи на општините преку проекти да ги градат локалните патишта. Со тоа, во голема мера ќе им помогнеме на општините и ќе биде големо олеснување за нивните буџети“, кажа министерот Сугарески по средбата со градоначалникот на Охрид Јован Стојановски.
За Охрид од посебна важност е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, која од поодамна се најавува. Оваа сообраќајница поради дотраеност е тесно грло во сообраќајот, особено во летниот период кога на источното охридско крајбрежје се движат и до 10 илјади возила дневно.
Д. ЧУБРИЌ