ВЛАДАТА САКА ДА ЈА ИЗГРАДИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА, НО АРСОВСКА НЕ НИ ЈА ДАВА, КАЖА КОВАЧЕВСКИ

    ВЛАДАТА САКА ДА ЈА ИЗГРАДИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА, НО АРСОВСКА НЕ НИ ЈА ДАВА, КАЖА КОВАЧЕВСКИОд ден на ден салата се повеќе се распаѓа, бидејќи две години стои отворена откако со доаѓањето на градоначалничката функција Арсовска ги прекина градежни работи. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска уште не ја потпишува одлуката за предавање на Универзална сала на Владата за да може да се реновира. Премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека Владата е спремна да ја почне обновата, но нема слух од Град Скопје.

    Ние се обидуваме во Скопје да ја направиме Универзална сала, но досега нема слух од Градот Скопје. Градот Скопје е напуштен град, град без управа. Пред две години ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе имаме европски град и дека ќе имаме мајка на градот која заедно со нив ќе го унапреди градот, дека ќе имаме бесплатен автобуски превоз, нови автобуси, сообраќајници и мостови. Ако дојдете во Скопје ќе видете дека нема ништо од тоа. Ние како Влада сакаме да помогнеме и понудивме помош за некои големи проекти, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат слух“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при посета на Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп.

    И министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска викендов изјави дека сѐ уште не е спроведена одлуката на Советот на Град Скопје која е донесена пред два месеци.

    Комуникацијата е на техничко ниво при што оттаму понудија видоизменет договор кој што се коси со Одлуката, во која се вели дека правото на реконструкција се пренесува на Министерството за култура, и дека по завршување на реконструкцијата, Министерството ќе го врати објектот на Градот“, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска.

    Скопје може да го изгуби проектот Европски град на културата во 2028 година оти Универзална сала не се гради. Во март треба да дојдат експерти од Европска комисија за да видат до каде е реконструкцијата, а на терен ништо не се работи. Од ден на ден, салата се повеќе се распаѓа бидејќи две години стои отворена откако со доаѓањето на градоначалничката функција Арсовска ги прекина градежни работи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира