ВЛАСТА НЕ СФАЌА ДЕКА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ГИ ОДЛУЧУВААТ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, КАЖАА НА ПРОТЕСТОТ НА ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

    ВЛАСТА НЕ СФАЌА ДЕКА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ГИ ОДЛУЧУВААТ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, КАЖАА НА ПРОТЕСТОТ НА ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИПензионерите рекоа дека ќе продолжат да протестираат во Штип, но и пред Владата во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Власта не сфаќа дека на следните избори ќе одлучуваат токму пензионерите, беше кажано на денешниот протест во Штип, на кој пензионерите уште еднаш побараа покачување на пензиите.

    „Поголемиот дел од пензионерите кои протестираат се генерација која е жртва на транзиционото време. Цел работен век издвојуваа за придонеси, а со криминалната транзиција останаа без работа, илјадници работници беа прогласени за стечајци или технолошки вишок. Толку ли не сфаќа власта која се оглушува на нашите барања за повисоки пензии и линеарно зголемување од 5.000 денари дека изборите кои се ближат ќе ги одлучуваат токму пензионерите“, рече пензионерот Трајче Митев.

    Координаторката на иницијативниот одбор на пензионерите Соња Арсовска рече дека власта сака да одиме во Европа, но со какви пензии.

    „Маричиќ, Тренчевска и другите со своите плати што енормно си ги зголемија и со имотите што ги стекнаа за многу кратко време можат уште утре да одат во Европа, но не и ние пензионерите, кои едвај егзистираме. Власта сега нѐ лаже дека се формирала нова работна група која ја предводи вицепремиерот Битиќи и дека во скоро време ќе имаме одговор какви ќе бидат мерките за зголемување на пензиите. Новата лага ќе биде, оние средства што власта ги скрати од неколкуте минимални покачувања“, кажа Арсовска.

    Штипските пензионери рекоа дека ќе продолжат да протестираат на плоштадот Слобода во Штип, но и пред Владата во Скопје.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира