ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ВО БИТОЛА ПОРАДИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

    ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ВО БИТОЛА ПОРАДИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА„Да им кажам на битолчани изгласаа локална власт која ќе даде максимална поддршка за власта која го промени името. Ова не е живот за сите, туку предавство за сите", рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

    Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата на Совет на Општина Битола, со обвинување дека локалната власт дава целосна поддршка на договорот за промена на името, што според нив е предавство.
    „Денес кога сме во очекување на сценарио за рушење на Македонија внатре во Собранието, во знак на револт за ова големо предавство и во знак на поддршка на сите оние граѓани кои на сопствена кожа осетија што е животот  за сите, ние ќе ја напуштиме седницата. Да им кажам на битолчани изгласаа локална власт која  ќе даде максимална поддршка  за власта која го промени името. Ова не е живот за сите, туку предавство за сите”, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
    Методија Илиевски, координатор на  советниците од СДСМ, изјави дека опозицијата ја злоупотребува говорницата која е наменета за локална политика.
    „Договорот со Грција не е предмет на работа на локалната самоуправа. Таа има надлежност да ги решава локалните проблеми на граѓаните на Општина Битола. Ги повикувам да се вратат за да работиме за подобра иднина на граѓаните. Кршејќи го Статутот и Деловникот за работа и искиристувајќи ја говорницата за политички поени, си прават своја штета и штета на  граѓаните на Битола”, рече Илиевски.
    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира