ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ ВО ПЕЛАГОНИСКИТЕ ОПШТИНИ НОВАЦИ И МОГИЛА

    ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ ВО ПЕЛАГОНИСКИТЕ ОПШТИНИ НОВАЦИ И МОГИЛАДраганчо Саботковски победи во Могила, а Стевче Стевановски во Новаци. (Фото: Фејсбук)

    Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на пелагониската Општина Новаци, која и на овие избори беше лидер по излезност со 72,71%. Стевановски во првиот круг го победи досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски, кој се бореше за втор мандат.

    Со ова, по само еден мандат на СДСМ поминат како локална власт во Новаци, ВМРО-ДПМНЕ повторно доби свој градоначалник. Претходно, во три мандати, општината ја водеше нивниот кадар Лазар Котевски.

    Слична е ситуацијата и во Могила. Таму во првиот круг Јасмина Гулевска од СДСМ изгуби од Драганчо Саботковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Пред Гулевска, Општината ја водеше независниот кандидат Стевче Пивковски, а пред него во четири мандати Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира