ВO 105 ЗГРАДИ ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА ИСПОРАЧА ПАРНО ОТИ СТАНАРИТЕ НЕ ОБЕЗБЕДИЛЕ УСЛОВИ, ВЕЛАТ ОД ЕСМ

    ВO 105 ЗГРАДИ ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА ИСПОРАЧА ПАРНО ОТИ СТАНАРИТЕ НЕ ОБЕЗБЕДИЛЕ УСЛОВИ, ВЕЛАТ ОД ЕСМОколу 3,7 проценти од вкупниот број мерни места сè уште имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите до топлинските станици. (Фото: К. Попов)

    Во 105 згради во Скопје в сабота нема да има парно, бидејќи станарите не обезбедиле услови. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) која ја презеде испораката на топлинска енергија во Скопје, велат дека во 105 објекти, што е околу 3,7 проценти од вкупниот број мерни места, сè уште не се обезбедени бараните услови односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

    Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија. Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите“, велат од ЕСМ.

    Од компанијата велат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи треба да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија. Ако објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект.

    Грејната сезона почнува на 15 октомври, а оваа зима со парното во Скопје ќе управува ЕСМ откако регулаторната комисија за енергетика ги одзеде лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Поради енергетската криза и високата цена на гасот, засега за работа на топланите е обезбеден гас само за октомври.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира