ВО АНТИФАШИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА ТОНЕ ВО НЕГРИЖА И ЗАБОРАВ СПОМЕНИКОТ НА ПРЕСПАНСКОТО СОВЕТУВАЊЕ КАДЕ СЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА  АСНОМ

    ВО АНТИФАШИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА ТОНЕ ВО НЕГРИЖА И ЗАБОРАВ СПОМЕНИКОТ НА ПРЕСПАНСКОТО СОВЕТУВАЊЕ КАДЕ СЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА  АСНОМВгодина ќе се навршат 80 години од Преспанското советување на кое биле донесени клучни одлуки со кои се создале политичко-правни претпоставки за свикување на АСНОМ (Фото: СДК.МК)

    „Во земјата на антифашистичките борци, нема место за Ванчо Михајлов“, коментираа граѓаните по отворањето на Бугарскиот клуб во Битола именуван по фашистичкиот соработник, но во таа иста земја со години никако да дојде редот за реновирање на Споменикот на Преспанското советување (2 -4 август 1943) во Отешево кое имало решавачко влијание за организирањето на АСНОМ и создавање на македонската национална држава.

    Ова спомен-облежје сведочи дека Преспа, каде пред четири години се потпиша новото поглавје од македонската историја – Преспанскиот договор со кој се реши 30-годишни,от спор за името со Грција, има историско значење за Македонија уште од времето на Народно-ослободителната борба од 1941-45. Посетата на споменикот не влезе ни во една од агендите на настаните што во изминатите години се одржуваа во Преспа за одбележување на Договорот и заживување на регионот. Тоне во заборав, сместен на еден километар од локацијата во Отешево, каде пред четири години делегациите ги додоа историските изјави за соработка и заживување на Преспа.

    Изгледот на ова споменично обележје, чиј автор е легендарниот македонски скулптор Јордан Грабулоски, не е воопшто променет кон подобро од пред четири години кога го посетивме. Иако е висок пет метри, шумата скоро го има проголтано. Одвај се забележува, а сместен е на двесте метри крај асфалтниот пат што води за туристичките населби Отешево и Стење. Приодот е обраснат со вегетација, на спомен-плочата слабо се чита што пишува, мозаичната површина е оштетена, а на бетонот не е ставена четка со боја долго време.

    Приодот е обраснат со вегетација, на спомен-плочата слабо се чита што пишува, мозаичната површина е оштетена, а на бетонот не е ставена четка со боја долго време. (Фото: СДК.МК)

    „Како што замира цела Преспа така и споменикот. Се измислуваат нови места да се уредуваат, клупи се ставаат, се прават видиковци, а ова место е ем значајно за историјата, ем природна убавина – од една страна планина од друга езеро, воздушна бања, нема ни каде да седнете да починете. Никој не доаѓа тука, дури и скалите тешко се наоѓаат“, велат жители од Шурленци.

    Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски вели дека првично планираат да го премачкаат споменикот со боја, а имаат планови и за реновирање, но за подоцна поради кризата.

    „Тешко е сега да се оди на тендери, постојано растат цените , не можам да влезам во таква екскурзија, но со младински активизам, планираме да преземеме некои активности“, рече Тозиевски.

    Од Завод и музеј Битола, инстутуција задолжена за заштита на културното наследство, лани изјавија дека споменикот не може само да се премачка со боја, туку дека е под заштита и мора да се испочитува соодветна законска регулатива.

    Претходниот градоначалник на Ресен Живко Гошаревски лани имаше изјавено дека ова е меморијален споменик, а таквите не се во нивна надлежност да ги реставрираат туку на институциите од културата.

    Но никоја институција не започна никаква постапка за заштита, соодветна на законската реугулатива.

    Вгодина ќе се навршат 80 години од Преспанското советување на кое биле донесени клучни одлуки со кои се создале политичко-правни претпоставки за свикување на АСНОМ. Донесени биле одлуките за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт и за усвојување платформа на НОВ на Македонија. На советувањето учествувале Кузман Јосифоски-Питу, Цветко Узуновски -Абас, Страхил Гигов-Андро, Добривое Радосавлевиќ-Орце и Светозар Вукмановиќ-Темпо.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира