ВО БИТОЛА ДЕНЕС 94 НОВИ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС, А ВЧЕРА БЕА 10, НЕВАКЦИНИРАНИ СЕ 90 ОТСТО ОД ОНИЕ В БОЛНИЦА

    ВО БИТОЛА ДЕНЕС 94 НОВИ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС, А ВЧЕРА БЕА 10, НЕВАКЦИНИРАНИ СЕ 90 ОТСТО ОД ОНИЕ В БОЛНИЦАОд Клиничката болница во Битола велат дека е зголемен притисокот од болни врз амбулантата за ковид позитивни како и во амбулантата за сомнителни случаи. (Фото: СДК.МК)

    Во Битола денес се евидентирани 94 новозаболени со корнавирус, односно 84 болни повеќе од вчера кога имаше само десет. Ова е највисоката бројка заболени на дневна основа што Битола ја достигнува за време на овој бран од епидемијата.

    Со ваквиот нагорен тренд се доближува до најголемата бројка дневни случаи од 113 лица евидентирана на 3 април 2021. Рапидниот скок на новозаболени ја покачи и бројката на активни случаи на 419, а во изминитите недели се движеше околу 350.

    Од Клиничката болница во Битола велат дека е зголемен притисокот од пациенти врз амбулантата за ковид позитивни како и во амбулантата за сомнителни случаи. Само во текот на вчерашниот ден, 63 ковид позитивни пациенти се јавиле на преглед, а уште 47 во амбулантата за сомнителни случаеви побарале преглед.

    „Собирањата по повод предновогодишните и новогодишните прослави го даваат резултатот. Забележително е тоа што вакцинираните лица полесно и со минимална симптоматологија ја поминуваат инфекцијата и најголем дел се лекуваат амбулантски и во домашни услови“, рече директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска.

    Утрово имаше вкупно 32 пациенти хоспитализирани и во дневната болница.

    „Околу 90% од хоспитализираните се невакцинирани, додека вакцинираните кои се хоспитализирани се со коморбитидети. Апелираме сите оние кои имаат позитивен брз тест направен од аптека, кој не влегува во системот, додека го потврдат резултатот со ПЦР тест да ги почитуваат мерките за самоизолација со цел да се намали трансмисијата на вирусот и доколку имаат потреба од специјалистичка лекарска помош да се јават на преглед во Ковид-центарот“, апелираше Гагачовска.

    Во Битола е забележлво дека и мерките за претпазливост попуштија за време на празниците. Освен во големите маркети низ градот, во голем дел од помалите се влегува без маса. Честопати се случува и дел од вработените да не носат или ја носат маската под брада, а некои од нив служат готова храна во супермаркетите. Дел од битолчани се прашуваат дали новиот сој омикрон веќе е стигнат во градот. Поради новогодишните празници, дел од гастербајтерите се вратени во родните места да прослават со роднините и пријателите.

    Вкупно 15 починати од коронавирус и 1.197 нови случаи од 7.483 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Ова е најголем број новорегистрирани во последниве 2 месеца, односно 16 отсто од тестираните. Истовремено, Министерството за здравство соопшти дека кај 9 пациенти е откриен сојот омикрон, осум се од Скопје, а еден е од Кочани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира