Меѓу битолчаните заразени од ковод-19 се и двајца средношколци од исто семејство, соопштија од Министерството за здравство. Едниот од нив нема пријавено ниту еден контакт, а другото лице пријави четири, и тоа студенти, и сите се ставени под здравствен надзор.
Независно од случајот, родители од Битола апелираат тинејџерите да носат маски и да се откажат од поздравување со прегрнување и 6акнување како пред вирусот. Тие апелираат и до други родители да разговараат дома со децата за да носат маски, зашто во друштва ретко кој се придржува до тоа. Младите велатдека оние нивни врсници кои носат маски често се исмејувани во друштво или убедувани дека болеста не постои.
Вкупниот кај 20 битолчани болеста е во, а од почетокот на пандемијата до денес се разболеле 54, двајца починаа.
Ж. ЗДРАВКОВСКА