Во Битола нема гласање наречено бугарски воз, децидни се од Општинската изборна комисија (ОИК) по веста што беше објавена на некои медиуми за ваква нерегуларност на едно од избирачките места во градот.
Претседателката на ОИК Весна Томовска вели дека на избирачко место 102 во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола поништено е едно гласачко ливче, зашто жената која гласала во гласачката кутија ставила обично ливче кое го донела од дома, а гласачкото го оставила зад параванот. Избирачкиот одбор го евидентираше ова, се поништи гласачкото ливче, се заведе во записникот и увид изврши полицијата. По ова, гласањето на ова избирачко место продолжи без проблеми.
Ваков случај не е пријавен ни во СВР Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА