ВО ДЕЛ ОД АВТОБУСИТЕ НЕМА БИЛЕТИ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ ОТИ МНОГУ СЕ ТРОШАТ, А ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА НОВИ ПРОПАДНА, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“

    ВО ДЕЛ ОД АВТОБУСИТЕ НЕМА БИЛЕТИ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ ОТИ МНОГУ СЕ ТРОШАТ, А ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА НОВИ ПРОПАДНА, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“Билетите за едно возење кои чинат 50 денари не се укинати, во тек е тендер за нивна набавка. (Фото: К. Попов)

    Во дел од автобусите и билетарниците на ЈСП „Скопје“ нема билети за едно возење оти се останати уште малку количини. Како што објаснуваат од претпријатието, билетот кој чини 50 денари не е укинат, тој и понатаму останува, но проблемот настанал оти тендерот за набавка на нови количини пропаднал.

    Во повеќето автобуси и билетарници го нема, со оглед на тоа дека количините на билетот се при крај, односно има голема заинтересираност за негово користење. Од февруари 2020, кога билетот се пушти во продажба, па до вчера, продадени се 530.206 билети од посочениот тип, а според статистиката на Секторот за продажба, во продажба има уште 20.000-30.000 такви билети. Согласно програмата за работа и соодветните законски прописи, ЈСП ‘Скопје‘ навремено распиша оглас за јавна набавка на нови количини од билетот, но, набавката беше поништена, поради пропусти во доставената тендерска документација во некои од понудите. Во тек е процедура за повторување на набавката“, велат од ЈСП „Скопје“.

    ЈСП „Скопје“ на 11 април во функција пушти и дневен билет за цел ден возење со нивните и автобусите на приватните превозници. Билетот чини 120 денари, а досега се продадени 1.782 вакви билети или по 80 дневно.

    Бројот на регистрирани валидации со овој тип на билет укажува дека дневниот билет се користи во просек за три-четири преседнувања. Во случајов, може да констатираме дека продажбата на овој тип на билет ги надмина очекувањата“, велат од ЈСП „Скопје“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира