ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА РЕГИСТРИРАНИ 120 СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ОД КОИ 85 ОТСТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ, А ВО ОСУМ СЛУЧАИ ЖРТВИ СЕ МАЖИ

    ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА РЕГИСТРИРАНИ 120 СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ОД КОИ 85 ОТСТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ, А ВО ОСУМ СЛУЧАИ ЖРТВИ СЕ МАЖИОпштина Штип и неколку граѓански организации излегоа на протестен марш за поголема борба против насилството. ( Фото: СДК.МК

    Во Штип и соседните градови од Источна Македонија евидентирани се 120 случаи на семејно насилство, од кои во 85 проценти жртви се жени, со неколку проценти жртви се девојчиња, а во осум случаи жртви се мажи.

    „Во Штип не е забележан случај на насилство врз маж, така што евидентираните случаи се од соседните градови во Источна Македонија. Во шест случаи насилството врз мажи е извршено од мажи, а само во два случаи мажите биле жртви на насилство од жени“, вели Бети Пеева од граѓанската асоцијација „Ехо“ од Штип.

    Според Пеева, бројот на семејните насилства се зголемија посебно за време ковид кризата кога имаше карантини, кога не се работеше, кога сите беа дома, а стресот предизвикуваше фрустрации, а со тоа и до појава на семејно насилство. Граѓанската организација „Ехо“ во овој период препознава и други видови на насилство, насилство на работно место врз жени најчесто од раководителите, но имало случаи и на насилство од колеги. Најнов вид на насилство е демнењето, посебно интернет демнењето.

    Пеева како пример за организирана борба против насилството ја посочува Општина Штип која е една од првите Општини која благодарение на „Ехо“ го состави мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна борба против семејното насилство уште во 2010 година.

    Оваа граѓанска организација и неколку други заедно со Општината, низ улици во центарот на Штип денеска излегоа на протестен марш против родовото и семејното насилство во знак на поддршка на жртвите со апел ваквите случувања да не се прикриваат, а релевантните институции да применуваат разни превентивни мерки за спречување на било каков вид на насилство.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира