ВО КАРПОШ ПОЧНУВА НАПЛАТА НА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ, ЕДЕН ЧАС ЌЕ ЧИНИ 25 ДЕНАРИ

    ВО КАРПОШ ПОЧНУВА НАПЛАТА НА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ, ЕДЕН ЧАС ЌЕ ЧИНИ 25 ДЕНАРИПаркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила.(Фото: СДК.МК)

    Месецов ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош. Најпрво зонско паркирање ќе се воведе на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар. 

    ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час. Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила.

    Од Општина Карпош велат дека со воведување на зонското паркирање ќе се воведе ред во хаосот со паркирање.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира