ВО НЕВРЕМЕТО ВО ШТИП ПРВПАТ ПОПЛАВЕНА И ЦРКВАТА „СВЕТИ НИКОЛА“, ТЕМЕЛИТЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ И НЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИ

    ВО НЕВРЕМЕТО ВО ШТИП ПРВПАТ ПОПЛАВЕНА И ЦРКВАТА „СВЕТИ НИКОЛА“, ТЕМЕЛИТЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ И НЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИПрвпат се случува да биде поплавен дворот на црквата во центарот на Штип. (Фото: СДК.МК)

    По вчерашното невреме со силен пороен дожд во Штип што ги поплави сите централни улици и, за првпат дворот на црквата „Свети Никола“, денеска состојбата е целосно санирана, благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица. Вчера до доцна попладнето Пожарната ја исмпумпуваше водата која го наполни не само црковниот двор, туку улиците и паркинзите околу овој црквата.

    На еден од потпорните зидови кој служи за седење, но и за заштита на темелите на црквата има пукнатини. Не се знае дали се од порано или предизвикани од вчерашната поплава, но општинските служби кои вчера и денеска се мобилни и на терен сметаат дека основата на главната градска црква е добро заштитена, а и подот на дворот околу црквата затоа што е поплочен, а истото се однесува и за долниот дел од фасадата на црквата.

    Секретарката на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова, вели дека општинските служби на чело со Противпожарната единица со сиот возен парк и стручни лица вчера попладне па и во вечерните часови непрекинато работеле на испумпување на водата од улиците и од дворовите на сите објекти и дека нема некои посебни штети. Сепак, упатен е повик до граѓаните да пријавуваат штети, по што локалните служби ќе излезат да ги утврдат за обештетување.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира