ВО ПРЕСПА САМО ЃУБРЕТО Е ГРДО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Преспа,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ПРЕСПА САМО ЃУБРЕТО Е ГРДО

    Преспа доживува туристичка ренесанса и рекордна посетеност на плажите, но ваквиот тренд не го следат сместувачките капацитети. Ѓорги Ѓоргиевски еден од првите туристички работници  во изминатата деценија во Преспа, сопственик на туристичкиот комплекс „Галакси“ во Претор, вели дека интересот за престој расте, а немаат можност да примат поголеми групи туристи кои би престојувале повеќе денови. Се отвораат нови плажи, ресторани, кафулиња, а сместувачките капацитети отануваат исти.

    Единствената грда слика годинава во Преспа се полните канти за ѓубре крај плажите во Претор и расфрлениот смет наоколу.

    „Ова е проблем долго време.Во Претор има нешто приватни сметувања во вилската населба, во Стење имаме приватни сметувања и хотел, хотелот ’Претор’ во Претор, автокампот Крани. Имаме еден одреден број гости кои можат да престојуваат, но за разлика од посетеноста и побарувачката, ние сѐ уште сме на незадоволитено ниво и мислам дека не ќе можеме да ги исполниме тие услови барем за уште еден извесен париод, бидејќи недостасуваат реконструкција, реновирање или изградба на капацитети за сместување“, вели Ѓоргиевски.

    Во Преспа туристите доаѓаат само на плажа, оти нема доволно сместувачки капацитети за преспивање, – Плажата во Сливница (Фото: СДК.МК)

    Преспа има шест модерно опремени песочни плажи во Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, Отешево и Стење, но туристите доаѓаат само на плажа, оти нема доволно сместувачки капацитети за преспивање, – Плажата во Сливница (Фото: СДК.МК)

    Со тоа што гостите не можат да се задржат подолго не можат да ги вкусат и другите убавини на Преспа освен плажирањето, како посета на културно-историски знаменитости и природни убавини. Развојот на сместувачките капацитети е поврзан и со инфраструктурата.

    „Имаме уште многу макотрпна  работа. Сега се преземаат чекори за да се поврзе Претор со Сливница и Крани со пешачка патека што е многу добро. Меѓутоа, има и места каде што нема урбанистички проекти, каде што не можат да се изградат сметувачки капацитети. Носење на плановите е закочено за да можат да се издадат дозволи за градба и парцелизирање“, вели Ѓоргиевски.

    Годинава. Преспа има шест модерно опремени песочни плажи во Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, Отешево и Стење. Преку викенд во Преспа има над 5.000 гости, но засега претежно се практикува дневниот туризам. Преспа годинава на Охрид му украде голем број домашни гости, посебно македонски иселеници кои се дојдени во родниот крај.

    Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски решение на дел од проблемот со сметувањето гледа во обновата на изгорениот хотел „Европа“ во Отешево од новиот инвеститор „ Глобал инвестмент фанд“ од Обединетите Арапски Емирати. Арапите го купија хотелот каде што пред десетина години требаше да инвестира португалската команија „Аквапура“, но на терен остана руина.

    „Има повеќе гости од места за сместување и затоа го очекуваме новиот инвеститор кој неодамна го откупи она што остана од хотелот ’Европа’ во Отешево. Очекувањата се дека за релативно брзо време ќе имаме таму современ хотел“, вели Стрезовски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари