ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ИСЧЕЗНА 16-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО ПРЕВРТЕНА ПЕДАЛИНКА

    ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ИСЧЕЗНА 16-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО ПРЕВРТЕНА ПЕДАЛИНКАПотрагата по момчето траеше до доцна во ноќта на Илинден - плажата во Претор (Фото: СДК.МК)

    Шеснаесетгодишно момче исчезна во водите на Преспанското езеро во близина на Претор, откако се превртела педалинка, раскажуваат очевидци кои на Илинден биле на плажата. Потрагата по него траеше до доцна во ноќта.

    Несреќата ја потврди МВР. Од таму велат дека на 2 август во 18 часот во полициската станица во Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро кај Претор исчезнал 16-годишен капач.

    Според изјави на очевидци, на педалинката биле три момчиња. Кога таа се превртела двете деца се спасиле, а едното не испливало.

    ,,Веслав со кајак во длабокото од Езерото од Асамати за Сливница кога слушнав сирена за Брза помош. Помислив дека се работи за топлотен удар или инфаркт. Но, на враќање кај ‘Пица-бич’ барот во Претор луѓе од цела плажа беа простум”, раскажува Дејан Трајковски од Битола очевидец на потрагата по 16 годишното момче.

    ,,Поминав меѓу два чамци со луѓе, ми рекоа да проверам полево. Ми кажаа дека се удавило 16 годишно момче. Во потрагата се вклучи и едно бротче. Влечеа и големи рибарски мрежи, ама без успех”, напиша битолчанецот Трајковски на својот фејсбук профил во врска со трагедијата што се случи во туристичкото место Претор на Преспанското Езеро.

    За време на Илинден и подолжениот викенд Претор беше полн со туристи и капачи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира