ВО ПРИКОЛКА КОЈА ДОШЛА НА ЦАРИНСКИ ТЕРМИНАЛ ВО ТЕТОВО НАЈДЕНИ 10 МИГРАНТИ ОД ИРАК, ПАКИСТАН И БАНГЛАДЕШ

    ВО ПРИКОЛКА КОЈА ДОШЛА НА ЦАРИНСКИ ТЕРМИНАЛ ВО ТЕТОВО НАЈДЕНИ 10 МИГРАНТИ ОД ИРАК, ПАКИСТАН И БАНГЛАДЕШСпоред очевидци, царинскиот службеник слушнал гласови и галама од приколката што било повод да нареди таа да се отвори, а натре затекле 10 мигрантите кои биле во многу тешка состојба, прегладнети и многу жедни. (Фото: СДК.МК)

    На царинскиот терминал на АД „Тетекс“ денеска цариниците во приколка од шлепер нашле 10 мигранти. Сѐ уште не се знае дали возачот на шлеперот знаел дека превезува мигранти или тие влегле во приколката без негово знаење.

    „Денеска, 13 август, околу 12 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа на Република Северна Македонија било пријавено дека во приколката во товарно возило ‘мерцедес’, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А. С. (25) од село Горно Седларце,Тетовско, кое било во кругот на царински терминал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, на возраст од 15 до 49 години, соопшти портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.

    Според очевидци, царинскиот службеник слушнал гласови и галама од приколката што било повод да нареди таа да се отвори. Внатре затекле 10 мигрантите кои биле во многу тешка состојба, прегладнети и многу жедни. Велат, секој испил по цело едно шише со вода кое им било дадено.

    Мигрантите и возачот на возилото биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, а тетовската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира