ВО РЕК ИМАЛО ПОЖАР, ИСКЛУЧЕН Е ПРВИОТ БЛОК, ВЕЛАТ ОД КОМБИНАТОТ

    ВО РЕК ИМАЛО ПОЖАР, ИСКЛУЧЕН Е ПРВИОТ БЛОК, ВЕЛАТ ОД КОМБИНАТОТОд РЕК соопштија дека надвор од системот е првиот блок, а стручни екипи на комбинатот работат на негова санација. - РЕК „Битола“ (архивска фотографија)

    Работникот од РЕК кој беше хоспитализиран во битолската болница со изгореници на грбот бил повреден при пожар кој избувнал денес околу 13 часот во комбинатот, потврдија преку писмено соопштение од РЕК. Во него се вели дека до пожарот дошло поради човечка грешка, но брзо се интервенирало и не предизвикал поголема штета врз работната на комбинатот. Сепак, признаваат дека како последица на пожарот проработил заштитниот систем кој предизвикал исклучување на блокот 1 од системот за производство на електрична енергија.

    „Денес нешто после 13 часот, при рутинска манипулација на шесткиловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, поради ненамерна човечка грешка, дојде до пожар на дел од кабловските системи, кој што со навремена интервенција на надлешните служби на комбинатот, за кратко време е неутрализиран и изгаснат. За време на настанот, повреден е работник кој веднаш со возило за итна медицинска помош е транспортиран до Битолската болница, каде што по извршената медицинска интервенција, се наоѓа надвор од животна опасност“, пишува во соопштението.

    Од РЕК соопштија дека надвор од системот е првиот блок, а стручни екипи на комбинатот работат на негова санација и се очекува во текот на утрешниот ден да влезе во функција. Додаваат дека снабдувањето со електрична енергија на тарифните потрошувачи се одвива нормално, од останатите производни капацитети на ЕЛЕМ. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира