ВО ШТИП ПО ДВЕ НЕДЕЛИ НОВОЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 КОЈ БИЛ НА РАБОТА ВО ТЕТОВО

    ВО ШТИП ПО ДВЕ НЕДЕЛИ НОВОЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 КОЈ БИЛ НА РАБОТА ВО ТЕТОВОШтип се подготвуваше да прогласи победа над коронавирусот, но по две недели пауза е регистриран нов случај на позитивен со КОВИД-19. (Фото.СДК.МК)

    По две недели пауза, во Штип е регистриран нов заразен од коронавирус. Со ова, вкупната бројка на позитивни случаи во Штип се искачи на 35. Двајца со корионавирус починаа, останатите го победија вирусот со карантинска и домашна самоизолација. Седум медицински лица кои имаа КОВИД-19 сега се со два негативни теста.

    Новозаболениот е регистриран две недели откако во Штип немаше ниту еден позитивен случај. Тој имал своја занаетчиска работилница во Штип, но деновиве бил на терен во Тетово каде имал контакти со свои деловни партнери. Се претпоставува дека штипјанецот таму се заразил.

    Центарот за јавно здравје изготвува комплетна анкета за да утврди со кого новозаболениот имал контакти во Штип. Засега, колегите на новозаболениот немаат никакви симптоми на коронавирус, но се ставени на самоизолација.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира