ВО ШТИП СЕ ОДРЖА ПРВА ЗАЕДНИЧКА ВЕЖБА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ „НАЦИОНАЛЕН ОДГОВОР 2019“

    ВО ШТИП СЕ ОДРЖА ПРВА ЗАЕДНИЧКА ВЕЖБА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ „НАЦИОНАЛЕН ОДГОВОР 2019“На плоштадот Слобода во Штип беше презентиран целиот возен и технички парк на единиците кои учествуваа на вежбата (Фото: СДК.МК)

    Во Штип се одржа првата заедничка вежба за справување со елементарни непогоди, на која учествуваа припадници на АРМ и претставници на општинските дирекции за заштита и справување со кризи од градовите во Источна Македонија, Црвен крст, општинските штабови за цивилна заштита, противпожарните и полициските единици на МВР, ЕВН, јавни претпријатија и на други институции кои се должни да дејствуваат кога има елементарни непогоди.

    Под раководство на полковникот Жикица Јовановски, практичната вежба „Национален одговор 2019“ се одржа на полигонот на касарната „Јане Сандански“, кој се наоѓа веднаш до Брегалница.

    Симулацијата беше дека поради поројни дождови дошло до големо излевање на браната Калиманци, реката Брегалница и на нејзините притоки, кои го поплавиле поширокиот штипски регион, вклучувајќи ги општините Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Карбинци, Зрновци и Штип. Вежбата беше насочена кон спасување и укажување прва помош на повредените, конкретна заштита на реките со вреќи и други бедеми, евакуирање на загрозените семејства, испумпување на водата од поплавените објекти долж реката и враќање во функција на инфраструктурата.

    Претходно, на плоштадот Слобода во Штип беше презентиран целиот возен и технички парк на сите единици кои учествуваа на вежбата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира